Bulgarian(BG)Macedonia(MK)English (UK)
   

Овозможување на органско производство

во прекуграничниот регион

 

ПРОЕКТ

ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН 

 

Приоритетна цел:

 Подобрување на квалитетот на животот  

 

Област на интервенциjа:

Искористување на природните ресурси 


Времетраење на проектот : 12 месеци

 

Вкупен буџет : 98468.32 EUR  

 

 

Севкупна цел

Севкупната цел на “EOP – CBR” проектот е намалување на негативните влијанија врз животната околина и промоција на одржливо користење на природните ресурси преку поддржување на развојот на органско производство и усвојување на економични активности кои се еколошки поволни,  во заедничкиот прекуграничен регион на Бугарија и Македонија. Покрај органското производство истот така и  земјоделство е директно поврзано со биодиверзитетот и заштита на околината. Затоа поттикнувањето на транзицијата од конвенционално кон органско производство  ќе им овозможи на локалните заедници нови можности кон различни еколошки економични активности и активно учество во умно и одржливо користење на заедничките природни ресурси.

Одделени цели

Оддлени цели 

1. Поттикнување на развојот и транзицијата кон органско производство и земјоделство преку подигнување на свеста, создавање капацитети, знаење и способности за органско производство меѓу целните групи за разните еколошки, економски и општествени придобивки од развивање и преоѓање кон органскотот производство;

2. Подобрување на способностите и знаењето на земјоделците кои моментално се занимаваат со органско производство во прекуграничниот регион;

3. Зголемување на капацитетите за проширување на одделни познавања за современи техники и земјоделски пракси за поставување и користење на органско производство кај услужните капацитети -советодавни,обука и едукација (национални агенции и приватни консултатнти; локални центри за едукација/обука; средни школи, универзитети и земјоделски институти) од заедничкиот прекуграничен регион;

4. Придонесување кон заштита на околината и да се овозможи одржливо управување со природните ресурси преку утврдени основи за прекугранична соработка, размена на искуства, добри пракси и заедничка промоција меѓу засегнатите органски производители.

 


Главни проектни активности

Главни проектни активности 

  1. Поставување на Систем за управување на проектот;
  2. Имплементација на план за комуникација и транспарентност:
  3. Идентификација и одбирање на заинтересирани земјоделци кои ќе бидат вклучени во проектните активности како зголемен капацитет;
  4. Развој на Прошитен пакет за познавање на органско производство за самоподобрување 1- Основно органско производство
  5. Развој на Проширен пакет за познавање на органско производство за самоподобрување 2- Напредно органско производство
  6. Развој на Упатство за органско производство за Советници/ учители / обучувачи
  7. Работилница за заедничка промоција- презентација и достава на изработени материјали и подигнување на свеста за органско производство
  8. Заедничак промоција на органски производи и размена на искуства помеѓу прганските производители од прекуграничниот регион – прекугранични форуми и изложби. 

  

Очекувани резултати


Очекувани резултати и исходи

  • Имплементација на опширна промотивна кампања за целите на проектот, предностите и поволностите на органското производство помеѓу целните групи во прекуграничниот регион;
  • Идентификувани, пристапени и одбрани заинтересирани земјоделци кои ќе бидат вклучени во проектот како зголемени капацитети;
  • Изработени, печатени, распределени и промовирани Прошитено прирачник за познавање на органското производство за самоподобрување 1 и 2: Основа на органско производство и Напредно органско производство;
  • Изработено, печатено, разделено и промовирано Упатство за органско производство за советници/ учители / обучувачи
  • Изведени 4 (четири) прекугранични работилници за информирање и подигнување на свеста за органско производство организирани во Бугарија и Македонија;
  • Изведени 2 (два) прекугранични форуми и изложби на локални органски производи во Бугарија и Македонија;
  • Развој и одржување на заедничката прекугранична соработка, размена на искуства, добри пракси и заедничака промоција на локалните органски производи од прекуграничниот регион пред засегнатите органски производители;
  • Директно информирани претставници на целните групи; 

 

Главни целни групи

 

Главни целни групи на проектот се: 

  • Земјоделци и органски производители од целните региони;
  • Експерти и персоналот на локалните и националните агенции во велните региони; 
  • Експертите во приватните консултантски, невладините организации, бизнис организации за поддршка и здруженија во полето на земјоделството и руралниот развој;
  • Универзитети, стручни земјоделски средни школи, стручни институции во целните региони; 

 

 

Водечки партнер

  

Асоциjациjа "Совремие"

 

 

 

Партнери

 

Федерациjа на Производители

на Органски Производи на Македониjа (ФПОПМ)

   

Финансирање